Свет
21. August 2017 - 15:05

Анатолиј Антонов е новиот руски амбасадор во САД

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го именуваше досегашниот заменик министер за надворешни работи, Анатолиј Антонов, за нов амбасадор во САД, на местото на Сергеј Кисљак, соопшти денеска Кремљ.

Кисљак повеќе од девет години беше на должноста руски пратеник во Вашингтон, наведуваат британските медиуми.

Француските медиуми, пак, потсетуваат дека односите меѓу Русија и САД се опаднати до нивото од периодот по Студената војна, а поради американските обвинувања за мешањето на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година.