Американски авиони по грешка нападнале авганистански војници
Американските сили во Авганистан денеска соопштија дека нивни авиони вчера по грешка извршиле воздушен напад врз контролен пункт на авганистанската Армија, при што загинале најмалку седуммина војници.
- Искрено жалиме за загубата на војниците на авганистанската Армија. Изразуваме најдлабоко сочуство до блиските на жртвите на овој трагичен инцидент и се молиме за брзо заздравување на ранетите, се додава во соопштението.
Како што јави ДПА, американската армија тврди дека при нападот што се случил во округот Бараки Барак во провинцијата Логар, јужно од Кабул, загинале седум авганистански војници, а пет други се ранети, додека според локалните власти при бомбардирањето животите ги загубиле 14 војници.
Поголемиот дел од Бараки Барак е под контрола на талибанските бунтовници.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?