-->
-->
Американецот Пантер од Партизан во Барселона
-->
Капитенот на српскиот кошаркарски тим Партизан, Кевин Пантер, ќе потпише двегодишен договор со Барселона, пренесоа вчера белградските медиуми.
Според истите извори, американскиот кошаркар за двегодишниот договор ќе инкасира шест милиони евра.
Пантер сезонава го предводеше белградски партизан до седмата титула во регионалната АБА лига, прва по една деценија, и беше прогласен за најкорисен играч (МВП) во финалната серија против градскиот ривал Црвена ѕвезда.
Американецот, исто така, беше еден од клучните кошаркари за пласманот на Партизан во четвртфиналето во Евролигата, во кое белградскиот клуб испушти водство од 2-0 во серијата до три победи против Реал Мадрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес
-
Подигнување на свеста за органодарителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница