Американците елиминирани од Мундобаскет
По елиминацијата на Србија нова сензација на мундобаскетот во Кина приредија кошаркарите на Франција со елиминацијата нарепрезентацијата на САД која во извонреден меч ја совладаа во четвртфиналниотдуел со 89-79. Французите водеа речиси во текот на целиот меч предводени од одличните Фурние и Гобер кои постигнаа по 21 поен. Најефикасен на мечот беше кошаркарот на Јута Мичел со 21 поени.
Голем успех и за Австралија ккоја со победата над Чешка од 82-70 го обезбеди своето прво мундијалско полуфинале.
Победата дојде по одличната игра во третата четвртина која „кенгурите“ ја добија со 30-18 откако првото полувреме мина во рамноправна игра.
Милс со 24 поени беше клучниот играч на средбата.
Австралија во полуфиналето ќе игра со Шпанија додека Франција за противник ја има Аргентина.
Интересно е што сепак љубителите на кошарката ќе можат да проследат пресметката помеѓу Србија и САД и тоа ви битката за пласман. Мечот се игра утре во 13ч.
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг