Алушовски по триумфот над Флензбург: Забележавме голема победа
Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски, изрази задоволство од прикажаното на неговите избраници кои синоќа забележаа победа над германскиот ракометен великан Флензбург.
-Ова е голема победа која ќе ни даде потстрек за понатаму. Честитки до момците на карактерот, кои и покрај паузата од еден месец покажаа завидно ниво. Добро бевме подготвени и добро ја имавме анализирана играта на противникот. Двата бода се големи и ни го отвораат патот кон осминафиналето. Пред нас е нов натпревар, против Порто. Посакувам уште еден добар меч, истакна Алушовски на прес-конференцијата по синоќешниот дуел.
За „црвено-црните“ ова е прва победа по два одиграни натпревара во А-групата од Лигата на шампионите, додека Флензбург го забележа првиот пораз во четвртиот свој настап.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ