Алкалоид обезбеди уште 40 стипендии
16-та година по ред, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии на студенти на Фармацевтскиот и Медицинскиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Дваесет од нив се за студенти на Фармацевтскиот, а дваесет за од Медицинскиот факултет.
И оваа година Фондацијата ќе додели и еднократна парична награда од 1.200 евра во денарска противвредност за првенците на генерација на двата факултета.
Од шеснаесетте години постоење, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала вкупно 659 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, а инвестирала близу 130 милиони денари по основ на стипендии и еднократни парични награди за првенците на генерација.
Од ноември 2022 година износот на стипендијата изнесува 7 илјади денари во текот на 12 месеци и се засметува линеарно на постојните и новите стипендисти, се до нивното завршување на студиите.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот