Македонија
11. December 2023 - 19:58

Алкалоид обезбеди уште 40 стипендии

16-та година по ред, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии на студенти на Фармацевтскиот и Медицинскиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. 

Дваесет од нив се за студенти на Фармацевтскиот, а дваесет за од Медицинскиот факултет.

И оваа година Фондацијата ќе додели и еднократна парична награда од 1.200 евра во денарска противвредност за првенците на генерација на двата факултета. 

Од шеснаесетте години постоење,  Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала вкупно 659 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, а инвестирала близу 130 милиони денари по основ на стипендии и еднократни парични награди за првенците на генерација.

Од ноември 2022 година износот на стипендијата изнесува 7 илјади денари во текот на 12 месеци и се засметува линеарно на постојните и новите стипендисти, се до нивното завршување на студиите.