Алиу и Меџити: Нема да поднесеме оставка, АА е единствена
Нема да поднесеме оставка, ниту цениме дека партијата ќе бара наше разрешување, изјавија вечерава министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и министерот за здравство, Фатмир Меџити.
Според нив Алијанса за Албанците е единствена, нема крило, има легитимни органи и легитимен претседател – Арбен Таравари.
-Ќе се бориме до крај за да докажеме дека ова што се случува со активистите во нашата партија, прво не е во ред и не е демократски и најверојатно им пречат резултатите, што ги имаат министрите на АА. Најверојатно очекуваат да не фатат на кондиција да дадеме оставка, но од вечерва им велам, дека оставка од нас нема да има. Ако имаат други можности и методологии нека пробаат, изјави Алиу, на прес-конференција од пред Владата.
Ново на Сител
-
Зеленски: Ситуацијата на украинскиот фронт е „многу предизвикувачка“
-
Сто дена Влада - Мицкоски ќе ја презентира досегашната работа
-
Пензиите зголемени за 2500 денари
-
Прв академски час
-
Во Управниот суд ќе се одржи промоција на систем за аудио и видео снимање на судски расправи
-
Стејт департмент: На Украина не и треба дозвола од САД за користење сопствено оружје во напади врз Русија
-
Путин нареди регрутирање на 133.000 војници
-
Борел: На Блискиот Исток треба да замолчи оружјето, а да зборува дипломатијата