Алегри може да го смени Лампард во Челси
Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри се уште е без работа, но шпекулациите за неговата иднина продолжуваат. Откако изминатите недели се појавија гласини дека тој може да предводи некого помеѓу Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед, италијанскиот менаџер сега е поврзан со друг европски гигант.
Неколку извори тврдат дека Алегри може да го замени Френк Лампард на кормилото на Челси. Италијанскиот стручњак реши да паузира една година откако помина 5 години како тренер во Јувентус.
Последните недели се зборуваше многу дека тој може да го замени Оле Гунар Солскјер на „Олд Трафорд“, но тренерското место на Норвежанецот по синоќешната победа над Пари Сен Жермен со 2:1 изгледа сигурно.
„Котидиано Спортиво“ тврди дека Челси го идентификувал Алегри како потенцијална замена за Френк Лампард доколку резултатите на тимот не се подобрат.
Масимилијано Алегри има акумулирано богата визит-карта во последните десет години. Тој има 6 титули во Серија „А“ со Јувентус и Милан, четири пати го има освоено Купот на Италија и двапати стигнал до финалето во Лигата на шампионите.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата