Свет
26. November 2015 - 15:10

Фокс Њуз: ИД користела биткоини за финансиски трансакции

Хакерска група пронашла докази дека џихадистичката Исламска држаа ја користела виртуелната валута биткоин за финансиски операции и преводи, јави телевизијата „Фокс њуз“.

Хакерите пронашле неколку електронски сметки на ИД, а на една од нив имало три милиони долари. 

Хакерската група тврди дека од еден до три проценти од вкупниот обем на незаконски приходи на ИД е во биткоини, што значи од 4,7 до 15,6 милиони долари годишно.