Албанскиот министер за надворешни работи Гент Цакај во Скопје
Овластениот министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Гент Цакај денеска престојува во работна посета на Република Северна Македонија, во чии рамки ќе биде примен од министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Како што соопшти денеска Министерството за надворешни работи, се очекува разговорите да бидат посветени на прашања значајни за билатералните односи меѓу двете земји, за перспективите на натамошната соработка во области од заемен интерес, особено од областа на економијата, трговската размена и интерконективноста.
Исто така, ќе бидат разменети мислења и во врска со актуелните состојби во регионот, односно предизвиците и перспективите на земјите од регионот.
Покрај средбата со својот домаќин, министерот за надворешни работи, Димитров, овластениот министер Цакај ќе биде примен и од претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на Владата, Зоран Заев и од потпретседателот на Владата надлежен за европски прашања, Бујар Османи.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра