Албанската полиција спречила шверц на оружје и фалсификувани документи кои требало да завршат во Македонија
Албанската полиција ја финализираше полициската акција со кодно име „Организатор“, во која се уапсени три лица под обвинение за трговија со оружје и фалсификување документи, кои требало да завршат на македонска територија.
- При претрес во патничко моторно возило беа пронајдени три парчиња огнено оружје „калашников“, 3.320 боева муниција, како и гранати, за кои истрагите покажуваат дека биле наменети за шверц во Северна Македонија. Во домот на едниот од нив се пронајдени и одземени 20 фалсификувани документи, албански, бугарски и македонски, пасоши, лични карти, дозволи за престој и потврди за вештини, како и опрема што се користела за оваа криминална активност, стои во полициското соопштение
Уапсени се лицата Дмитер Пеќини(59) од Елбасан, кој бил главен организатор, Елбан Цонику (52), од Грамш и Артан Лила (47) од Елбасан, кои ќе одговараат за трговија со оружје и фалсификување документи.
Полициската акција била финализирана по четиримесечна истрага, користејќи специјални методи од страна на припадници на секторот за истраги за економски криминал и оние од Одделението за истраги за недозволена трговија при локалната полициска управа Елбасан.
Продолжуваат истрагите, под раководство на Обвинителството во Елбасан и во соработката со македонските надлежни органи, за откривање и доведување на кривична одговорност и на други граѓани инволвирани во овие криминални активности.
Ново на Сител
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Прв говор на Трамп пред Конгерсот, аплаузи и скандирања
-
Опозицијата ја бојкотира денешната седница, инцидентите во српскиот парламент ќе ги расветлува обвинителството
-
Мицкоски не се видел со Груевски во Будимпешта, ќарот од Унгарија е милјарда евра
-
Мицкоски: Ни го распродаде македонскиот јазик, а сега се зборува за албанскиот
-
10-годишно дете заврши на хирургија, откако врз него паднала гранка од дрво
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко