Албанската мафија во Британија најмоќна криминална структура - и Скотланд Јард не знае како да се справи со неа
Велика Британија веќе со години има големи проблеми со албанските криминалци, кои до таа мера ги проширија своите мафијашки активности што станаа најмоќен криминален синдикат на Островот.
Владеењето на албанската мафија на улиците ширум Велика Британија донесе уште поголемо насилство, убиства и мачења, а Албанците соработуваат со латиноамериканските картели, што допринесе за експанзија на трговијата со дрога на светско ниво, а таа се движи и по копнени и по поморски тајни канали.
Албанските банди стекнаа озлогласна репутација како организирани криминални фирми во кои членуваат лица со лесен и непречен пристап до огнено орује.
Во извештаите на Скотланд јард се наведува дека албанскиот синдикат е како октопод - секој сегмент од криминалнтие активности е разграден со совршенство, така што дрогата пристигнува побрзо отколку нарачана пица.
Во огранизацијата владее законот на беса (даден збор), а мафијашките работи често се на семејна основа, како во криминалните кругови на Италија.
Албанската мафија своите акции ги прикрива со легални работи, како увоз на автомбоили, а најголем дела од профитот го испраѓа назад во Албанија, каде на парите им се губи секаква трага.
Ново на Сител
-
Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра
-
Наим Рамука сменет од началничкото место поради пропуштањето на возилата на Гаши на „Блаце“
-
„Балансерот" за вработување пред Уставен суд
-
Бугарското МНР во одбрана на амбасадорот Радуков
-
Откажана утрешната средба на историската комисија со Бугарија
-
Различни мислења за есенската кошница: Замрзнување на цените или зголемување на производството?
-
Митева: Наместо пренос на електрична енергија, МЕПСО спонзорирал спортски клубови
-
Студентите реагираат на зголемените трошоци, тече вториот уписен рок на државните универзитети