Албанија прва во светот по зголемување на бројот на туристи
Светскиот туристички барометар покажува дека класичните дестинации за летен одмор како Шпанија, Грција и Турција привлекуваат најмногу туристи, но кога станува збор за највисок процентуален раст на туристи во последните пет години, преовладуваат други дестинации, а Албанија е на прво место.
Информацијата преку социјалните мрежи ја сподели премиерот Еди Рама, објавувајќи ја табелата и најавувајќи понатамошно зголемување на бројот на туристите.
„Албанија го зазема првото место во светот како дестинација со најголем пораст на бројот на туристи во 2024 година, развој незамислив пред неколку години.
По рекордната година за туризам, кога Албанија ја посетија над 10,7 милиони туристи, целта за 2025 година е уште поамбициозна, 12 милиони посетители, пишува Рама.
Албанија доживеа значителен раст на туризмот во последните години.
Според бројките, земјата пречекала 7,5 милиони туристи во 2022 година, а следната тој број бележи зголемување за околу 30 отсто, односно 10,1 милиони.
Оваа бројка го покажува континуираниот раст на интересот за земјата како туристичка дестинација, благодарение на инвестициите во инфраструктурата, промоцијата на Албанија во странство и зголемувањето на авиокомпаниите и тур-операторите, кои ја додадоа во нивните програми за патување.
Ново на Сител
-
Македонија нема да испраќа војници во Украина, Генералштабот се уште не добил покана за состанокот на Макрон во Париз
-
Муцунски: Македонија е сојузник и партнер на процесите кои носат стабилност и безбедност во регионот
-
Светот станува поопасен, затоа Македонија и Хрватска треба да се држат заедно
-
Жители на Сингелиќ и Арачиново на протест пред ЕВН
-
Исплатени 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит за 47 компании
-
Опозицијата најавува закон за минимална плата
-
СДСМ обвинува за матни тендери во општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ
-
Смртен случај на Пулмологија кој имал и грип – февруари со најмногу заболени во изминатите 15 години