Албанија од утре воведува полициски час
Албанија од утре воведува полициски час како дел од напорите да се спречи ширењето на новиот коронавирусот по наглото зголемување на случаите во изминатите неколку недели. На сите граѓани ќе им биде забрането да ги напуштаат своите домови од 22.00 до 06.00 часот.
– Поради високиот број заразени и со цел да се спречи понатамошното ширење на заразата, донесовме одлука со која се забранува движење од 22:00 до 6:00 наутро. Ограниченото движење започнува од среда, 11 ноевмри и ќе трае три недели.Од оваа одлука се изземаат само лицата кои се на работа и службите за итни потреби, изјави синоќа Мира Ракацоли, претседателка на Комитетот и заменик министер за здравство и социјална заштита.
Во Албанија се забранува работа на угостителските објекти од 22:00 до 06:00 часот (освен услуга за достава ), додека за јавната администрација, според спецификите на секторот, ќе се работи онлајн или со ротација,со строго почитување на протоколите.
Ракацоли нагласи дека на тој чекор се одлучиле по деталната анализа на состојбата со пандемијата и реалзираните активности до сега,како и искуството од други држави.
Во меѓувреме, денеска регистриран е нов негативен рекорд на новозаразени со Ковид-19.
-Во изминатте 24 часа од направените 2.723 тестови, позитвни се 563 ли 21 отсто од тестираните. Во исто време битката со вирусот ја загубија осум пациенти или 579 до сега, додека за среќа во списокот на оздравни внесени се 153 или вкупно 12.353 од вкупно 25.294 заразени лица, информираше министерството за здравство и социјална заштита.
Моментно во трите ковид болници хоспитализирани се 367 лица од нив 15 се на интензивна терапја,од кои тројца интубирани.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Лондон
-
Студено утро, преку денот претежно сончево
-
Мексиканската морнарица заплени 4,5 тони кокаин од шверцерски брод
-
Гори крајречна трска во атарот на пелагониските села Брод-Гнеотино
-
Илјадници луѓе на протест во Истанбул втора ноќ по ред поради апсењето на градоначалникот
-
Има доволно крв на Трансфузиологија и апелираат да не се шири паника и апели за дарување на социјалните мрежи
-
Шпанска Амбасада: Шпанија секогаш блиску до Северна Македонија, се солидаризира со жртвите од пожарот
-
Уапсени Папазов, Димитровски и Илијев - последните тројца градоначалници на Кочани