Албанија депресивна, 20 лица месечно си го одземаат животот
Иако во последнте три годин во Албанија се забележува намалување на самоубиствата,сепак оваа појавa останува алармантна.
Ова е костатирано на националната научна конференција „Депресијата и самоубството“ одржана во соработка на повеќе институции.
Според полициската статстика само во текот на минатата година евидентирани се 227 самоубиства и 315 обиди за самоубиство. Од овој фемомен не се поштедени ни припадниците на полицијата.
- Појавата на депресија,но и самоубиства,колку што го погодува албанското општество,ги погодува и вработените во полицијата. Случаите на самоубиство кај полицајците е реалност а тука треба да се има во предвид факотот нагласен во разни студии,дека професијата се подредува во професии од висок ризик,стрес и депресија,бидејќи полицајците се соочуваат со трауми,-изјави на конференцијата генералниот директор на албанската полиција, Хаки Чако.
Главната причина,која кај албанските граѓани доведува да си го одземат животот,е тешката економско- социјалната состојба во семејствата.
На конференцијата донесен е заклучок повиканите институции да подготват стратегија во која ќе бидат зацртани мерки и активности за елимнање на овој феномен.
Ново на Сител
-
Лицата со попреченост и личните асистенти во сабота на протест - Државата ги остави без пари
-
Нивото на Охридското Езеро постојано осцилира
-
За еден ден домаќинките од Општина Босилово подготвија 220 килограми ајвар
-
Преглед на вести од светот
-
Пo 50 години конзервација на мозаиците на локалитетот Стакина чешма во Валандово
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со екс амбасадорот во Бугарија, Марјан Ѓорчев
-
Без новиот Закон за заштита на конкуренцијата ќе нема кој да контролира трговци