Албанија бара повеќе докази за идентификување на запленетите икони од Македонија
Министерото за култура на Албанија побарало од нашето Министерство повеќе информации, спецификација и фотоматеријали за да ги идентификуваат иконите што Македонија ги бара од Албанија, соопшти министерот Роберт Алаѓозовски во врска со иконите што албанските надлежни органи ги имаат запленето во постапка за спречување нелегална трговија со вредни културни артефакти.
- Иако ние упативме доста детали, тие ја бараат оваа дополнителна фактографија и нашите служби веќе постапуваат да им ги испратат. Од министерката за култура на Албанија добив уверување дека тие немаат ништо против да ги вратат назад предметите, само сакаат целосно да ја испочитуваат процедурата и да бидат целосно сигурни дека она што од нас е побарано одговара и е идентификувано во збирката на икони што ја поседуваат во овој случај, рече Алаѓозовски денеска во Националниот конзерваторски центар каде што беше предадена техничка опрема донирана од турската агенција ТИКА.
Ново на Сител
-
Tаравари: Ја испитуваме смртта на родилката во Куманово
-
Конференција за грижа на менталното здравје на младите
-
Преглед на вести од светот
-
Зошто тешко се гасат пожарите во новите згради? Критериумите за противпожарна заштита се застарени
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник на МВР
-
„ДИГИТМАК“: Нов центар за поддршка на дигиталната подготвеност на бизнисите
-
Поништен огласот за претседател на судот во Кавадарци, Нанев немал право на трет мандат
-
Tекстилството останува без кадар, со ниски плати и непочитување на работничките права