Фудбал
9. February 2017 - 8:04

Алавез ривал на Барселона во финалето на Купот

Екипата на Алавез е вториот тим кој обезбеди пласман во финалето на фудбалскиот Куп на Шпанија.
 
До историското финале во „Копа дел Реј“ екипата на Алевез стигна елиминирајќи ја Селта во полуфиналната рунда.
 
Откако првиот дуел во Виго заврши без голови 0-0, синоќа на реванш натпреварот Алавез забележа минимална победа со 1-0.
 
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Едгар Мендес во 82. минута, за голема радост на домашните навивачи.
 
Во финалето Алавез за противник ќе го има бранителот на трофејот Барселона, која во полуфиналето го елиминира Атлетико Мадрид.
 
Финалниот натпревар во „Кралскиот Куп“ ќе се игра на 27 мај.