Активни 310 случаи на Ковид-19, продолжува теренската вакцинација
Од почетокот на епидемијата во државата се регистрирани вкупно 156.078 лица дијагностицирани со Ковид-19, а активни се 310 случаи. Во меѓувреме, продолжува масовната вакцинација во сите пунктови во државата. Денеска продолжува и теренската вакцинација, и тоа на повеќе населени места. Од денеска граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат и да примат вакцина против КОВИД на вакцинален пункт, може да закажат вакцинирање во домашни услови.
Според податоците на Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 24 случаи. Оздравени се шест пациенти, а вчера немаше пријавено починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 953.144 тестирања на Ковид-19. Од стартот на пандемијата, вкупно им 150.276 оздравени пациенти, а 5.489 починати. Бројот на активни случаи изнесува 310.
Инаку, теренската вакцинација продолжува денеска, во повеќе населени места. Теренското вакцинирање без закажување почна од 12 јули годинава, во над сто населени места во сите општини ни државава.
Во меѓувреме, во Европа се шири делта сојот на вирусот, па надлежните предупредуваат за поголема претпазливост.
Во текот на вчерашниот ден, делта сојот и официјално беше потврден во Албанија.
-Следејќи го процесот на состојбата со пандемијата на Ковид-19 од страна на Институтот за јавно здравје, чиј дел е и следење на циркулирачките варијанти, од примероците испратени до Институтот Charite во Берлин, Германија, каде што беше извршена длабинска генетска анализа, потврдено е дека станува збор за варијанта Делта B.1.617.2“, соопшти вчера Министерството за здравство во Албанија.
Во Албанија апелираат на што поголема масовност за вакцинација во „најблискиот пункт за вакцинација, здравствен дом, центри за масовна вакцинација или со мобилните екипи“, со цел да се спречи ширењето на вирусот.
Поради новата мутација на вирусот, претходно грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис ги повика граѓаните задолжително да се вакцинираат, според членот 25 од грчкиот Устав.
Според грчкиот премиер, распространетата делта варијанта на коронавирусот е позаразна од оригиналниот вид, поради што „сега е поважно од кога било порано сите Грци да се вакцинираат“.
Бугарија пак, од вчера се затвори за патниците-странци кои ќе пристигнуваат од Холандија, Малта, Андора и Грузија.
На бугарските државјани кои пристигнуваат од овие земји, како и на лицата со постојано жителство во нив и членовите на нивните семејства, дозволен ќе им биде влез во земјата само со негативен тест за Ковид-19, без разлика дали биле вакцинирани или не.
Ново на Сител
-
Двајца повредени во сообраќајка на патот Велес-Градско, во близина на Караслари
-
Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок
-
Зголемен бројот на деца заболени од варичела во Куманово
-
Полиција се уште трага по учесниците во вооружениот инцидент во Брисел
-
Научниците предупредуваат: Северниот Пол се загрева со рекордна брзина
-
Муртезани: Од бугарска страна стигнуваат пораки за подготвеност за дијалог
-
Кривична пријава против поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески за примање поткуп, фалсификување исправа и проневера и несовесно работење во службата
-
Се води предистражна постапка за злоупотреба и договарање меѓу економски оператори и вработени во Одделот на МВР за општи и заеднички работи