-->
-->
Aкраповиќ: Наша шанса е стрпливата игра
-->
Фудбалерите на Шкендија во четврток во 21ч. на Арената Филип Втори во Скопје го играат првиот меч од првото квалификациско коло за Лига Европа со полската Краковија.
По тој повод денеска одржаа прес конференција на која првиот стратег на тетовчани изјави:
„Подготвени сме колку што треба по одличните подготовки во Словенија. Сите играчи се здрави иако имавме малку проблеми со повредите, но ништо страшно. Ги имаме сите во екипата и натпреварот го чекаме подготвени. Шкендија е силна екипа, моите момци се во добра форма, имаме добра комбинаторика, добар посед на топка. Полската екипа е дисциплинирана и физички добро подготвена, не треба да се натрчуваме со нив, туку да ја држиме топката“, вели Акраповиќ.
Краковија е најстариот фудбалски клуб во Полска формиран 1906 година. Има освоено пет титули во Полска но последната е во 1948 година. Отогаш клубот нема поголеми успеси. Ова му е втор настап на послкиот клуб на меѓународната фудбалска сцена. Првиот го имаше во Интертото купот во 2008 година кога беше елиминиран од Шахтјор Солигорск.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Загина тракторист во сообраќајка во село Баница
-
Во Општина Велес годинава инспекторите за храна не поднеле ниту една прекршочна или кривична пријава против операторите со храна
-
Кривична за 78-годишник за мачење животни
-
Почина затвореник од Идризово
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
„Визер“: Укинати летови од Скопје кон Келн, Стокхолм и Копенхаген
-
Пукање во Чаир, оштетени возила и куќa
-
Македонското фудбалско дерби Пелистер - Вардар прв пат под рефлектори во Битола