-->
-->
Аки Рахимовски ќе биде погребан во четврток во Загреб
-->
Легендарниот фронтмен на групата Парни ваљак, Аки Рахимовски, ќе биде погребан во Загреб, во четврток, со семејството и пријателите.
Тој ќе биде закопан во Алејата на великаните на загребските гробишта Мирогој. Веста за последното испраќање е објавена на официјалните профили на бендот.
„Со оглед на сегашните епидемиолошки мерки, ги замолуваме сите кои го сакаа Аки и сакаат да му оддадат почит да го сторат тоа од вторник, 25 јануари кај Бунарот на животот, пред загрепскиот Хрватски народен театар, каде што ќе може да се донесе цвеќе и да се запалат свеќи“, напишале тие.
Аки Рахимовски почина на 22 јануари во Ново Место, Словенија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор
-
ДУИ чека преговори за Влада - Џафери одбива да говори за опозиција