Македонија
25. October 2019 - 8:49

Академскиот киноклуб од Скопје одбележува 60 години постоење

Академскиот кино клуб од Скопје со филмски вечери денеска и утре во Кинотека ќе одбележи 60 години од основањето.

Од 20 часот вечер АКК ќе го прикаже нивниот прв снимен филм, насловен „Прв давам камче“, како и проекција на повеќе кратки филмови направени од негови членови во шестдецениското постоење.

По повод  јубилејот, утревечер од 20 часот во Кинотека ќе гостуваат филмските пријатели на АКК од ГФР филм-видео клубот од Пожега, Хрватска.

Тие ќе претстават ревија од нивниот Хрватски фестивал на едноминутни филмови, кој во Пожега се одржува од 1993 година и учествуваат филмски автори од 50-ина земји од светот.

Влезот за посетители е слободен за двете вечери со кои  Академскиот кино клуб – Скопје ќе го одбележи јубилејот.