Ахмети:Со политичка стабилност гаранција за поуспешна локална власт
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска во општина Боговиње побара поддршка за победа за кандидатот за градоначалник Берза Бејтулаху-Хаки на локалните избори в недела.
Ахмети, како што соопштуваат од ДУИ, истакна дека ДУИ е најподдржана сила со најмногу гласови од Струга до Куманово и Липково.
Повика на ангажман со посветеност на сите политички структури, со цел, како што рече, на 29 октомври да се обезбеди убедлива победа за сите граѓани на Боговиње.
Во исто време, Ахмети оцени дека нивните политички опоненти се без никакви програми и визии за иднината.
- ДУИ работеше и работи за политичка стабилност во земјата и тоа е гаранција дека работата на локалната власт во следниот мандат ќе биде уште поуспешна, наведе Ахмети.
При престојот во Боговиње, Ахмети, го посети семејството на починатиот градоначалник на оваа општина, Хазби Идризи.
Лидерот на ДУИ го посети и селото Пирок каде пред присутните посакува и вториот круг од локалните избори да помине без проблеми, и без, како што вели, поделби.
- Вредностите се изградени од вредности и ние не сакаме да произведеме антивредности во нашите простории, рече Ахмети додавајќи дека ДУИ од нејзиното основање до денес има инвестирано во создавање кадри кои излегле во пресрет на албанското прашање и на задачите со одговорност на државно ниво.
- Ние сме луѓе кои сме создале идентитет и национално достоинство, и сме почитувани насекаде, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети оценувајќи дека новата коалиција по првиот круг на изборите на опозицијата е коалиција за самоспасение.
Ново на Сител
-
Новиот државен секретар Рубио потврди дека САД ќе работат на ставање крај на војната во Украина
-
Раст на фјучерсите на американските берзи по новите укази на Трамп
-
Ѓоковиќ ќе го предадеше мечот со Алкараз доколку го загубеше вториот сет
-
Мицкоски во Вашингтон присуствувал на на свеченоста „Гласови на слободата“ и остварил бројни средби
-
Украина работи на одржување средба меѓу Зеленски и Трамп
-
Лазаров за ремито со Австрија: Горд сум на моите ракометари
-
Капитенот Кузмановски донесе реми во последните секунди на натпреварот Македонија-Австрија
-
Собранието го донесе Законот за заштита на децата, прифатени само два амандмани