Ахмети се сретна со грчкиот амбасадор Лалакос
Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска оствари проштална средба со грчкиот амбасадорот во Македонија, Харис Лалакос.
Како што соопшти ДУИ, Ахмети му се заблагодарил на амбасадорот Лалакос за одличната билатерална соработка за време на неговиот мандат, изразувајќи високо оценување за работата на Лалакос во Македонија за приближување на двете соседни земји.
Ахмети му упатил честитка на Лалакос за неговата нова задача изразувајќи уверување дека нивната соработка ќе продолжи и во иднина преку напорите за изнаоѓање на решение за спорот меѓу Скопје и Атина, која ја држи земјата надвор од евро-атланската интеграција.
Ахмети и Лалакос разговарале и за состојбата во земјата и регионот, при што лидерот на ДУИ го запознал грчкиот амбасадор со ставовите на партијата за надминување на политичката криза и за потребата за спроведување на итни реформи од страна на Владата на Република Македонија.
Според Ахмети и независните институции треба да ја завршат својата работа во согласност со законот и да не дозволат политичко влијание, но спротивно, како што се додава во соопштението, да помогнат во решавањето на кризата преку строго спроведување на нивните должности.
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата