Македонија
5. July 2017 - 18:31

„Агрокор“ преживеа, го спасуваат 20-тина банки

Од „Агрокор“ е потврдено дека вечерва на неговата сметка ќе биде уплатена сума од кредит во износ од 480 милиони евра. 

Освен Загрепската банка и Фондот Најтхед (Knighthead fond), кои и претходно се согласија на кредитирање, во новитот кредит за Агрокор учествуваат дваесетина хрватски, руски, американски и европски банки.

Од руската ВТБ на пример е потврдено учеството во кредитирањето, додека Сбербанк се уште размислува дали ќе учествува. 

Со оглед на тоа дека во двата случаи станува за банки, кои се во државна сопственост, очигледно е дека само од постапувањето на едната од нив нема да може да се согледа руската државна политика кон „Агрокор“, но и кон Хрватска, јави РТЛ.

ВТБ претходно откри колкав бил неговиот придонес во кредитот од 400 милиони евра, но порача дека не планира да ги продаваат своите побарувања кон „Агрокор“.