Адеми се откажа од настапи за македонската фудбалска репрезентација
Селекторот Благоја Милевски денеска откри дека по разговор со Аријан Адеми, од лични причини се одлучил да стави крај на играњето во репрезентацијата. Според Милевски, Аријан бил категоричен во одлуката, и откри дека ќе му биде организиран последен натпревар во националниот тим.
“Посебно жалам поради отсуството на Аријан Адеми, кој од лични причини одлучи да стави крај на репрезентативната кариера. Имав разговор со Аријан. Ќе ни недостасува и како личност и како фудбалер. Категоричен е во одлуката. Чувствува дека ова е моментот за крај на настапите во репрезентацијата и нема да сметаме на него. Треба сите да искажеме благодарност за неговиот придонес за македонската репрезентација и за нашиот фудбал воопшто. Предложивме да организираме натпревар за простување, негова е одлуката за тоа дали тоа би се случувало на натпреварот против Хрватска на 3. јуни или на првиот домашен натпревар во Скопје“, рече Милевски.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино