715 санкции за брзо возење за еден ден
Во текот на вчерашниот ден (14.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 715 возачи. Од нив 55 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 336 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 379 надвор од населено место, соопшти МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.
Ново на Сител
-
Пожар на Вардариште
-
Спасени три 16-годишни момчиња кои повеќе од четири часа биле заглавени на островче на реката Треска
-
Препораки за топлото време – Пред да пиете лекови за хипертензија прво измерете го притисокот
-
Нема да се раскине договорот
-
За три месеца возила на ЈСП имале 49 сообраќајни незгоди
-
Студентскиот дом „Стив Наумов” две години надвор од функција – каде ќе се сместат студентите?
-
Гаши од Вашингтон: Стратешките партнери очекуваат уставни измени
-
Катица Јанева се враќа во Идризово, адвокатската канцеларија на нејзиниот син воопшто не работи