-->
-->
61-годишен прилепчанец измамен за 175.000 денари, го убедиле дека инвестира во криптовалути
-->
На 27.01.2025 во 10.40 часот во ОВР Прилеп, 61 - годишен маж од Прилеп пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 175.000 денари. Според пријавеното, во периодот од средината на август 2024 година до 24.09.2024 контактирал со лицето кое го довело до заблуда дека ќе инвестира во криптовалути, при што бил наведен на неговиот мобилен телефон да инсталира мобилна апликација за која мислел дека служи за купување на криптовалути.
Како што е пријавено, преку апликацијата лицето пристапило во неговиот мобилен телефон и аплицирал за добивање на кредит од финансиско друштво, кој му бил пуштен на неговата трансакциска сметка, од каде пак лицето ги повлекло парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка