Балкан
12. October 2023 - 10:52

51-годишен македонски државјанин загина во сообраќајка во Хрватска

Еден маж загина, а уште еден е повреден во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат А3 Брегана-Липовац,во Хрватска на јужната коловозна лента,пренесува 24 сата.хр .

Известувањето за несреќата било примено во Центарот за оперативни комуникации на Полициската управа Брод-Посавина околу 19:10 часот.

Од Томислав Ковачевиќ, полициски службеник за односи со јавноста на СВ Брод-Посавина, 24сата.хр дознаваат дека починатиот (51) бил државјанин на Македонија, кој бил сопатник во приватен автомобил со италијански регистарски таблички.

Другата жртва, која е повредена во несреќата, исто така е македонски државјанин, а се наоѓал во автомобил кој излетал од патот.