46 новозаразени од коронавирус во земјава
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга - 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 663 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:
Скопје – 273
Куманово - 143
Дебар – 49
Штип-20
Прилеп –46
Тетово – 30
Струга – 30
Велес – 18
Битола –8
Охрид –3
Кавадарци - 3
Гостивар –4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-3
Радовиш - 4
Крушево – 3
Кочани – 19
Пробиштип - 1
Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. Од нив преку ИЈЗ-194, преку Ветеринарен факултет –8, Авицена –19 , Биотек –24 и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на Ковид-19.
Починатата родилка од Куманово, за која што вчера попладне инормираше Министерството за здравство, ќе биде евидентирана во денешниот извештај на ИЈЗ.
Ново на Сител
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
-
Владата иницира разрешување на Коцевски
-
10% маржа на 100 групи производи до крајот на април, мерката ќе биде донесена деновиве
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси