Македонија
16. August 2021 - 10:03

340 возачи казнети за брзо возење на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (15.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 340 возачи. Од нив, 29 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 165 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 175 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.