Македонија
11. October 2021 - 18:54

30 годишник нападнал полициски службеник кај Драчево

30-годишник од селото Студеничани е уапсен откако претходно нападнал полициски службеник.

-Синоќа во 00.20 часот од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Драчево бил лишен од слобода А.Д.(30) од с.Студеничани, скопско, поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, велат од МВР.

 По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.