283 санкционирани возачи на територијата на градот Скопје, 95 од нив за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 283 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 95 санкции, 45 мерки за возење под дејство на алкохол, 41 санкција за возење без возачка дозвола.
Изречени се 15 мерки за користење мобилен телефон, 16 санкции за некористење сигурносен појас, 12 мерки за возач почетник, седум санкции за нерегистрирани возила, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Првото бебе на скопска Гинекологија е машко
-
Новогодишната ноќ минала мирно без поголеми инциденти
-
Песни и оро во срцето на Скопје, продолжува традицијата стара речиси цел век
-
Отворен ски-центарот „Михајлово“ на Кожуф
-
Мицкоски за Судски совет: Уништен им е кредибилитетот
-
Полска го презема претседателството со ЕУ – од денеска Бугарија и Романија во Шенген
-
Преглед на вестите од светот
-
Новогодишен Дневник 2024