26 луѓе во Фиќо! Овој рекорд е поврзан со Македонија
Во далечната 1969 година во бивша Југославија ревијата Старт организирала натпревар - најголем број на луѓе во Фиќо во кој се натпреварувале матуранти од сите средни школи во тогашната СФРЈ, пренесува порталот automototrend.com.hr.
Победници на тој натпревар биле матурантките и матурантите од IV-1 од учителското школо од Травник кои успеале во Фиќо да влезат дури 26 ученици. Секако треба да се напомене дека вратите биле затворени, но не и прозорите, а задното седиште било преклопено, како што стоело во правилникот за нетпреварот.
После победата, матурантите ја освоиле главната награда која била автомобил Zastava 750 „Фиќо“, подарок од фабриката Црвена Застава од Крагуевац. Но она што е интересно во моментов покрај рекордот е тоа што многу луѓе располагале со една награда, па затоа се одлучиле да го продадат автомобилот, а со парите што ги добиле ја финансирале својата матурска екскурзија по нашата Македонија.
Ново на Сител
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец