21-ви февруари, Меѓународен ден на мајчиниот јазик
Во време кога се соочуваме со инвазија на странски зборови, негувањето на мајчиниот јазик треба да биде приоритет, како основен идентитески столб преку кој сме препознатливи надвор од границите на Македонија. Дијалектите се богатство на еден јазик, но литературниот македонски мора да се говори многу повеќе, посебно во образовните установи.
- Тука клучна улога имаат просветните работници, од најмала возраст, од градинките, од училиштата. Не смее настава да се држи на дијалект. Затоа ние имаме генерано проблем и со студентите кога доаѓаат, имаат потешкотии во совладувањетона стандардната форма, само заради тоа што тие биле изложени на настава која се одвивала на дијалект, изјави Ана Рингачева, Филилошки факултет – УГД-Штип
Несомнено е дека македонската книжевност, уметност и култура може да и даде додадена вредност на европската и светската литература, меѓутоа за тоа да биде пренесено на соодветен јазик, потребни ни се добри преведувачи, кои во моментот се дефицитарни.
- Постоењето на квалитетни млади луѓе, кои што ќе бидат наши јазични амбасадори е всушност едно вложување во промоција на македонската книжевност и уметност и една потврда дека ние сме рамо до рамо со еврипските книжевности, изјави Сузана Мицева, Филолошки факултет, УГД-Штип
На катедрата по македонски јазик при штипскиот Универзитет, на прв и втор циклус студираат над 50 студенти. По повод 21 – ви февруари, меѓународниот ден на мајчиниот јазик, на УГД се одржа едукативна јазична работилница.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар