20-годишен кратовчанец е најновиот милионер во Македонија
Со десеттиот милионер, Државна Видеолотарија го заокружува кругот среќни добитници на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ во август. Десетката ни ја донесе дваесетгодишниот Тоше Б. од Кратово. Во присуство на негово семејство и пријателите, во просториите на Државна Видеолотарија ни ја раскажа својата среќна приказна.
Тоше е вработен. Често знае да се забавува, играјќи на видеолотариските терминали на ДВЛМ. Досега немал добивки. Кога на 26 август се упатил во Спорт лаиф во Кратово, забавата била неговиот предизвик. Пријатно се изненадил кога го слушнал сигналот, а веднаш потоа се појавил и добитниот ваучер кој гласи на 1.255.271, 00 денари. Својата прва, а воедно и убава добивка, посакуваниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, ќе ја потроши на оние нешта кои ги сака. Ни откри дека многу сака мотори, па веројатно, ќе си ја исполни својата желба, да има свој.
ДВЛМ му го додели вредносниот чек кој гласеше на добитниот износ -1.255.271 денари.
Спорт Лаиф се првиот деловен соработник на ДВЛМ. Во нивните обложувалници беа инсталирани првите ВЛТ апарати.
Во август, ова е веќе 4 среќен добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, а вкупно 10 од стартувањето на Џек Пот добивките. Овој месец, покрај Тоше, на милионите од МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ им се радуваа и Арсим Ј. од Куманово, кој на 04.08.16 освои 1.326.616,00 денари, Љупчо Наќевски од Скопје, кој на 12.08.16 освои 1.367.200,00 денари и Демири од Скопје кој освои1.376.494 на 19.08.16.
Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1 јуни годинава. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.500.000,00 денари. Досега покрај 10 Милионер Џек Пот добивки, освоени се и над 1.260 Мини Џек Пот добивки.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња