108 санкционирани возачи во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 санкции, осум мерки за непочитување на првенство на минување, пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, три санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за некористење сигурносен појас...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници