Затруени 220 работници од третата смена во Леар

Двеста и дваесет аботници од фабриката Леар во технолошко развојната зона кај Тетово изминатата ноќ биле примени во болниците во Тетово и Гостивар откако се затруле најверојатно од храна.
Според првичните информации од полицијата, случајот бил пријавен од медицинскиот персонал во тетовската Клиничка болница околу 4 часот и 40 минути по полноќ откако претходно околу 1 часот била поделена вечерата на работниците што биле трета смена на работа во Леар. По околу два часа од вкупно 264 работници колку што биле на работа, кај 220 од нив се појавиле првите симптоми на труење од храна - повраќање, болки во стомакот, вртоглавица и слично. Најголем дел од работниците биле примени во тетовската Клиничка болница, а 23-ца кои биле по потекло од Гостиварско биле префрлени за лекување во гостиварската болница.
Според досегашните податоци, дел од работниците по укажаната медицинска помош биле пуштени на домашно лекување.
Екипи на полицијата извршиле увид во фабриката при што зеле примероци од храната и други траги за вештачење и работат на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Според најновиот индекс македонскиот пасош е подобро рангиран од Албанија, БиХ и Турција
-

Путин: Меѓународната ситуација се влошува, светот станува сè поопасен
-

Општина Кавадарци повика заинтересираните да се пријават за Водици
-

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Барселона поради закана со бомба на патник
-

ЕУ воспостави нов механизам за ограничување на цената на руската нафта
-

Лабрадор вклучен во терапевтскиот процес на Клиниката за психијатрија
-

Бруно Фернандеш нема да го напушти Манчестер јунајтед во јануари
-

Полска со порака до Трамп за Гренланд: Нападот на сојузниците би бил крај на светот каков што го знаеме
