Македонија
15. January 2026 - 21:26

Акција за разбивање за злосторничко здружување и перење пари

Вработени во скопската дирекција на УЈП, сопственици и управители на фирми се упасени во голема акција на Основното Јавно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција доцна попладнево.. 

Според првичните информации од обвинителството, приведените се осомничени за повеќе кривични дела како злосторничко здружување, перење пари, измама и даночно затајување од големи размери.. 

Акцијата која се реализира под раководство на обвинител од одделението за организиран криминал и корупција, а со асистенција на полицијата е се уште во тек и досега се обезбедени повеќе од десетина лица.. За обезбедување на докази, направени се претреси на повеќе локации низ државата.. 

Осомничените кои се вработени во УЈП, според информации на Сител одобрувале поврат на ДДВ за фирми на кои тоа не им следувало.. Измамата ја правеле за лична добивка, односно откако фирмите ќе добиеле поврат на ДДВ, осомничените добивале дел од тие пари, кои според информации на Сител, достигнувале и до 20 проценти од сумата која како вратен ДДВ ја добивале фирмите.. 

Со оглед дека акцијата е се уште во тек, од Обвинителството повеќе детали најавија за утрешниот ден..