ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче да престанат со демагогија, нема кревети и кислород за пaциентите
Зоран Заев и Венко Филипче пoд итно да престанат со демагогиjата која ја шират во јавноста за некаква борба против короната и теоретска расправа, нека погледнат во болниците и ќе видат дека луѓе умираат поради недостаток на
кислород и поради распаднатиот систем.
За какви црни стандарди говори Филипче кога во една соба седат пациенти и на подот, заедно со луѓе за кои не е проверено дали имаат ковид.
Наместо да ги опремат болниците со доволно болнички кревети и да ги заштитат медицинските лица, Заев и Филипче се окупирани со легализација на марихуана и градење на хациенди.
Поради лагите нз Заев и Филипче дека се е под контрола досега починаа 1.546 граѓани. 1.546 животи згаснаа прерано затоа што неодговорното однесување на Заев и Филипче ги остави без соодветна и навремена болничка грижа.
Нивната неспособност и незаинтересираност за здравјето на граѓаните ја стави Македонија на врвот по починати лица на милион жители.
Семејствата се во очај затоа што системот на Заев и Филипче е така создаден да нема кој да им помогне на нивните најблиски.
Нивната негрижа оди дотаму што со месеци ги оставија без заштита и здравствените лица и затоа толку е висока стапката на заразени медицински работници, а за жал некои и починати.
Оставката на Филипче е нужност и главна реформа која мора да се случи во здравството.
Државата не смее повеќе заради Заев и Филипче да се завива во црно.
Потребна е одговорност веднаш. Заев и Филипче мора да поднесат оставки за да се спасат што е можно животи повеќе.
Ново на Сител
-

Николоски: Преговорите за превозниците за Шенген зоната се во тек и ќе завршат во септември
-

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД
-

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика
-

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство
-

Трамп е блиску до донесување одлука за започнување голема војна на Блискиот Исток, шансите се 90%
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
