Кривична за доктор и медицинска сестра, се обиделе да шверцаат ботокс преку пошта

Доктор и медицинска сестра сакале да криумчарат вкупно 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари, преку поштенска пратка декларирана како козметички примероци со вкупна вредност од 80 долари. Против лицата е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за сторени кривични дела, криумчарење и царинска измама, казниви согласно Кривичниот законик.

Случајот е откриен од страна на царински службеници од Царинска испостава Скопје 1, при детална контрола на поштенска пратка пријавена за увозно царинење, за која била приложена фактура во која биле наведени 10 козметички примероци. При отворање на пратката, царинските службеници откриле 199 вијали со ботокс, кои се користат во естетската медицина и кои не биле наведени во фактурата.

Случајот е предаден на Одделението за истраги, кое поведе посебни предистражни дејствија, во чии рамки по налог на јавен обвинител извршен е и претрес на три локации.
Во предистрагата е утврдено дека првоосомничениот, вработен како доктор на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“, нарачал 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари од компанија од Република Кореја и се договорил истите во фактурата да бидат декларирани како 10 парчиња козметички производи со вкупна вредност од 80 долари.

Потоа, од второосомничената, вработена како медицинска сестра на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Tереза“, побарал да биде наведена како примач на стоката, која му помогнала во вршење на кривичните дела на начин што се согласила нарачката да пристигне на нејзино име и адреса и фактурата ја платила од својата трансакциска сметка.

Царинска управа апелира до сите учесници во увозните постапки дека секој обид за криминал ќе биде најстрого санкциониран. Увозот на ботокс е строго регулиран и подлежи на посебни дозволи од надлежни институции и секоја измама поврзана со увоз на ваква или слична стока претставува опасност за здравјето на граѓаните. Порачуваме дека Царинската управа и понатаму ќе има нулта толеранција кон сите што се обидуваат да работат спротивно на законот.
Ново на Сител
-

Девет пријави за семејно насилство за 24 часа во државата, четворица приведени
-

Нето платата во април 48.779 денари
-

Утре нестабилно време, сончев и топол викенд во најава
-

Полицајци од Македонија, Косово, Црна Гора и Италија ќе патролираат по албанското крајбрежје за безбедна туристичка сезона
-

Заврши средбата Гаши-Доцова во Софија: Неопходно е продолжување на дијалогот на парламентарно ниво
-

Претрес во Росоман, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Детската клиника во Скопје со најниска стапка на смртност во историјата на Клиниката
-

Мицкоски: Граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимално најниски цени
