-->
-->
Уапсени тројца тетовски тинејџери заради дилање на дрога
-->

Вчера околу 12.30 часот на улица „Предраг Јанчевски“ во Тетово од слобода се лишени две 17 –годишни лица од тетовското село Теарце. При преглед кај нив, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана. Двајцата се задржани во полициска станица. Исто така, вчера околу 18.30 часот на улица „120“ во Тетово од слобода бил лишен И.Д.(18) од Тетово. При преглед кај него полициски службеници пронашле и одзеле марихуана. И тој бил задржан во Полициската станица Тетово. По целосно документирање на случаите против трите лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.Х.(48) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23. декември минатата година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Кичево, при што пронашле и одзеле хероин, марихуана и метадон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
-

30% од вкупниот отпад во Македонија завршува на диви депонии
