Сретен Давидов - најдобар млад научник за 2017 година
Сретен Давидов, кој работи во полето на електротехниката, е прогласен за најдобар млад научник за 2017 година. Признанието „Најдобар млад научник“ денеска му го врачи претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
- На мое големо задоволство дознав дека д-р Давидов се нафатил да придонесе кон решението на еден од најгорливите проблеми на нашиот град, а тоа е аерозагадувањето. Секоја година се гушиме во смогот што е последица на човековата неодговорност кон себе и кон животната средина. Тоа е сериозен предизвик што не може да се реши само со конвенционални политики и процедури кои произлегуваат од старата парадигма на неодржлив развој. Овој предизвик подразбира промена на парадигмата, а со тоа и промена на начинот на живот. Креативното решение што д-р Давидов го нуди се електричните возила, односно, ползувањето на чистата енергија – електричната енергија која не ја загадува околината, рече Иванов по доделувањето на признанието.
За Давидов, признанието претставува верификација на неговата работа и доказ дека државата го цени тоа што го остварува.
Давидов е роден во 1989 година во Неготино. Дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2012 година, а магистрирал во 2014 година на Факултетот за електротехника на Универзитетот во Љубљана. На истиот универзитет, годинава ја одбранува докторската дисертација. Вработен е како млад истражувач со звање асистент на Факултет за електротехника при Универзитетот во Љубљана. Автор е на четири научни труда и член на Институтот на инженери по електротехника и електроника, на СИГРЕ ‒ Комитет за големи електрични системи и ЦИРЕД ‒ Комитет за дистрибутивни електрични системи.
Признанието „Најдобар млад научник” за врвни научни достигнувања се доделува по осми пат, по иницијатива на претседателот Иванов. Целта е да се поттикне развојот на научната и истражувачката мисла, со особен акцент на младите македонски научници до 30-годишна возраст.
Ново на Сител
-

Возачите да внимаваат, одрон повторно на автопатот Скопје-Велес
-

На Артан Груби му е одреден куќен притвор и одземање на патна исправа
-

Изменет сообраќаен режим денеска и утре на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци, клучка Петровец и клучка Аеродром
-

ЈПС - Скопје: Ново на skopjebus.mk: надополни картичка онлајн – брзо и лесно
-

Најмалку 25 припадници на мексиканската Националната града загинаа во престрелка со наркокартелот на Ел Менчо
-

Одлуки од вонредна седница на Дисциплинска комисија на ФФМ
-

Од полноќ бензините поскапи за половина, а дизелот за еден денар
-

Кривична пријава за кражба на дрва и остварена противправна имотна корист од 2 037 700 денари
