Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
Незаконски ангажирал лица со договор на дело и направил милионска штета на буџетот. МВР поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Здравствен Дом Куманово кој се сомничи за злоупотреба на службена положба и овластување. За вработувањата за кои немало соодветни одобренија од министерствата за здравство и финасии биле потрошени повеќе од 21 милион денари од сметката на здравствената установа.
- СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Тој постапил спротивно од одредбите од Законот за работни односи и Законот за трансформација во редовен работен однос. Притоа, во истиот временски период ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил плати во вкупен износ од 21.744.788 денари или 353.573 евра на штета на буџетот на Здравствен дом Куманово, изјави Ивана .
Незаконските вработувања ги вршел во периодот од 2020 до 2024 кога прво бил вршител а потоа назначен и за директор на Здравствен дом Куманово. Осомничениот не е вработен во здравствената установа а на директорската функција дошол од друго јавно пртпријатие во градот.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
