-->
-->
Силен земјотрес ja погоди Русија
-->

Силен земјотрес, според прелиминарните информации, со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала, го погоди денеска реонот бизу до Командорските острови.
Првично беше соопштено дека земјотресот бил со јачина од 7 степени според Рихтер.
Епицентарот бил на длабочина од околу 33 километри.
Според Хавајскиот центар за предупредување, нема опасност од цунами.
Руските сеизмолози наведоа дека земјотресот се случил во водите на Тихиот Океан, покрај островот Камчатка и бил со јачина од 6,7 степени според Рухтеровата скала.
Како епицентар е посочен регионот што се наоѓа на 85 километри од населбата Уст Камчатск.
Нема податоци за материјална штета или жртви.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со изведување докази продолжува судењето за злоупотребите во Државна лотарија
-

Откриена нелегална плантажа со 680 килограми марихуана, приведени две лица
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
-

Следната недела средба за правосудниот испит
-

Дел од граѓаните не знаат за своето културно наследство
-

Детството се сели на интернет, сè помалку игра, сè повеќе екрани
-

Преглед на вестите од светот
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
