Папата Лав повикува на глобална акција за помош на децата мигранти

Папата Лав денеска ги осуди условите што ги трпат децата мигранти и бегалци и повика на глобална акција за заштита на младите луѓе што бегаат од своите татковини во потрага по безбедност.
Децата мигранти „честопати трпат невидено страдање, насилство, тортура, експлоатација и трауматски услови“, им рече папата на илјадниците присутни верници на плоштадот Свети Петар за време на неговата неделна општа аудиенција.
„Апелирам на чувството за одговорност на сите“, рече папата. „Нека секој човек се чувствува вклучен во животите на овие млади луѓе, кои секогаш мора да бидат заштитени и помогнати“, рече тој.
Папата Лав, првиот папа роден во САД, често повикува на подобар третман на мигрантите, а минатата година ја критикуваше строгата имиграциска политика на американскиот претседател Доналд Трамп. Во април, папата рече дека мигрантите често пати се третираат „полошо од домашни миленици“.
Папата денеска не спомена ниту една конкретна земја а својот апел го упатува пред Светскиот ден на мигрантите и бегалците на Католичката црква, кој оваа година се слави во недела.
МИА
Ново на Сител
-

Вкупно 24 пожари изминатото деноноќие, еден е под контрола, останатите изгаснати
-

Роналдо: Децата ме сакаат, бидејќи ме гледаат како пример за углед
-

За осум месеци 34 помалку загинати и 863 помалку настрадани лица во сообраќајни незгоди
-

Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк
-

Млади лидери од 15 држави на 24. Меѓународна младинска конференција во Крушево
-

Вучиќ во ОН: Србија ги поддржува постапките на Трамп, тој придонесува за пофер поредок во светот
-

Шји Џјинпинг: Кина и САД треба да бидат партнери, а не ривали
-

Сончево и постудено утро, до 25 степени во текот на денот
