Македонија
30. August 2022 - 12:33

СДСМ Битола: Состојбата во РЕК беше позагрижувачка во време на ВМРО-ДПМНЕ

Ако лидерот на ВМРО Врховистичка, Христијан Мицкоски имаше барем трошка познавање од енергетика и производство на струја, ќе знаеше за што служи стартна котлара, ќе знаеше дека црниот чад со кој вчера ширеше хистерија трае не повеќе од неколку минути и за жал е неопходна појава кога постројката се вклучува.

Не е аматерско работењето во енергетските капацитети, туку е  одговорно и посветено, а со секојдневните небулози што ги лиферува ДПМНЕ Врховистичка внесува непотребна нервоза и загриженост кај работниците кои вложуваат натчовечки напори за да обезбедат струја.  

Не е катастрофална состојбата во РЕК Битола, туку катастрофална е неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ. Од оваа партијата, која систематски и смислено го урниса не само енергетскиот сектор, туку целиот државен апарат, не очекуваме ништо повеќе од недоветни анализи на бојата на чадот.

Центар за комуникации со јавноста-СДСМ