СДСМ Битола: Состојбата во РЕК беше позагрижувачка во време на ВМРО-ДПМНЕ
Ако лидерот на ВМРО Врховистичка, Христијан Мицкоски имаше барем трошка познавање од енергетика и производство на струја, ќе знаеше за што служи стартна котлара, ќе знаеше дека црниот чад со кој вчера ширеше хистерија трае не повеќе од неколку минути и за жал е неопходна појава кога постројката се вклучува.
Не е аматерско работењето во енергетските капацитети, туку е одговорно и посветено, а со секојдневните небулози што ги лиферува ДПМНЕ Врховистичка внесува непотребна нервоза и загриженост кај работниците кои вложуваат натчовечки напори за да обезбедат струја.
Не е катастрофална состојбата во РЕК Битола, туку катастрофална е неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ. Од оваа партијата, која систематски и смислено го урниса не само енергетскиот сектор, туку целиот државен апарат, не очекуваме ништо повеќе од недоветни анализи на бојата на чадот.
Центар за комуникации со јавноста-СДСМ
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло
-

Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион
-

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили
-

Трамп изјавил за Аксиос дека војната ќе заврши „наскоро“
-

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите, не и ново зголемување
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
