Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик

Правосудниот испит и сите други испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик. Ова ќе го покажеме многу скоро пред јавноста - изјави првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, одговарајќи на пратеничко прашање на Рина Ајдари од Европскиот фронт.
- За првпат централната власт го слушнала гласот на студентите и ќе го реши нивниот проблем еднаш засекогаш, рече Сали.
Осврнувајќи се на студентските протести, Сали оцени дека тие претставуваат легитимен израз на незадоволство и право на граѓаните, додавајќи дека причините за нив се резултат на нерешени прашања од претходните години.
-Тие не протестираат за Вреди, протестираат за Европскиот фронт и ДУИ која 22 години не постигна ниту една усогласеност на законот за јазиците, рече Сали.
Во однос на политичките прашања, тој рече дека обединувањето на албанските политички субјекти не треба да се гледа како изненадување, туку како реалност насочена кон заедничко делување во рамки на европската агенда.
- Во врска со европската агенда Вреди секогаш истакнувал дека нејзината политичка ориентација е интегрирање во Европската унија и јас како министер за европски прашања, сум целосно посветен на исполнувањето на оваа агенда. Јавноста гледа дека Министерството за европски прашања за првпат работи со ваква динамика во спроведување на реформите. Имаме добри резултати, кои покажуваат дека сме добро во Западен Балкан - истакна Сали.
Тој нагласи дека, според него, институциите во моментов работат со засилен интензитет во реализирањето на реформите, што, како што рече, како резултат на тоа, очекуваме и нови пакети финансиска поддршка директно од Европската комисија, што значи дека ги исполнуваме нашите обврски.
МИА
Ново на Сител
-

Кратерска инвазија во Скопје: Бесплатен превоз и влез за навивачите и симпатизери на Силекс против Динамо Минск
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба
-

Пилот-проект на ЦУК: Интелигентни камери за рана детекција на пожари во критичните зони
-

Во јуни годинава температурите во цела Грција биле над просекот
-

Ѓорѓиевски: Со навремена реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје
-

Итна седница на Кризниот штаб на Кисела Вода по невремето со обилен дожд
-

ЈОРМ: Побарани мерки на претпазливост за доцентка од УГД осомничена за примање поткуп
-

Невремето предизвика поплави - најпогодени се населбите: Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба
