Помпео: Блиску сме до постигнување договор за средба Трамп - Ким

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека во изминатиот викенд е постигнат „значителен напредок“ во разговорите со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и оти двете страни се „прилично блиску“ до постигнување на договор за втора средба на претседателите на двете држави.
Помпео истакна дека Ким е подготвен да им дозволи на меѓународните инспектори пристап до полигоните за нуклеарно тестирање Пунгје-ри откако ќе биде постигнат договор на кој начин ќе се извршува контролата.
Но, американскиот државен секретар одби да одговори дали е постигнат договор инспекторите да го посетат Јангбјон, каде се произведува гориво за нуклеарното оружје.
Северна Кореја претходно соопшти дека ќе дозволи инспекции ако САД преземат „адекватни мерки“.
Ким минатиот месец предложи повторна средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
- Двајцата лидери веруваат дека на следниот самит може да се постигне вистински напредок, суштински напредок, наведе Помпео.
Трамп и Ким имаа средба на 12 јуни во Сингапир, при што севернокорејскиот лидер вети дека ќе работи на денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.
Ново на Сител
-

Притвор за 65-годишен раководител на образовен центар во Штип, допирал по телото малолетни ученички
-

Савевски: Предметот за мазутот не е рефиниран
-

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината
-

Неизвесно е дали хантавирусот на крузерот мутирал
-

Силно невреме го зафати регионот: Град во Србија, хаос во Загреб и прекин на сообраќајот во БиХ
-

Стефан Мелник освои сребрен медал на Светското првенство за слабовиди и слепи шахисти
-

ОЈО ГОКК ја затвори истрагата за снабдувањето со мазут за ТЕЦ Неготино, нема основано сомнение за кривични дела во предметот
-

Почнува јубилејниот 70. Евросонг
